По социјалните мрежи во текот на изминатите два дена се прошири порака од парижанец чија сопруга била убиена за време на терористичкиот напад изминатата недела. Отвореното писмо било упатено кон терористите. Мајката го оставила сопругот со нивното 17-месечно бебе.
„Во петок навечер го земавте животот на едно извонредно човечко суштество, љубовта на мојот живот, мајката на мојот син, но нема да ја добиете мојата омраза. Не знам кои сте, и тоа не сакам да го знам. Вие сте мртви души. Доколку овој Бог, во чие име убивате, направил според себе, тогаш секој куршум во телото на мојата сопруга е рана во неговото срце“, гласи пораката.
„Не, нема да ви го пружам задоволството да знаете дека ве мразам. Вие тоа го сакате, но реакцијата со лутина на омразата би била иста како незнаењето што ве направило она што сте. Мојот син и јас ќе бидеме посилни од сите војски на светот. Не можам да потрошам повеќе време на вас бидејќи морам да се посветам на мојот син кој штотуку се разбуди. Мојот син има само 17 месеци, сега ќе го изеде својот оброк, а потоа ќе играме како што тоа го правиме секој ден, и ќе биде среќен до крајот на својот живот. Бидејќи никогаш нема да ја имате неговата омраза“, завршува пораката.
Отвореното писмо беше споделено на „Фејсбук“ повеќе од 100.000 пати.