X
 10.08.2021 Наука

Зошто секогаш треба да пеете додека се туширате?

Уживате да пеете под туш? Оваа активност може само да ја подобри вашата целокупна благосостојба. Пеењето под туш може да ве направи посреќни, повнимателни и поенергични, вели истражувањето спроведено од „Харви вотер софтенерс“.

Учесниците во истражувањето изјавиле дека биле посреќни кога пееле под туш во период од една недела, за разлика од оние кои не пееле. Исто така, пеењето под туш имало влијание и врз нивниот генерален поглед кон светот, бидејќи сметале дека животот е покорисен и дека се почувствителни кон она што се случува околу нив.

Мајкл Падрејг Актон, консултант и психолошки терапевт, вели дека резултатите од истражувањето имаат смисла затоа што пеењето има моќ да ни го зголеми расположението, додека различните температури на водата може да влијаат на тоа колку сме опуштени или будни.

peenje
Фото: Freepik

- Од психолошка и научна перспектива, пеењето го подобрува нашето расположението бидејќи нѐ тера да бидеме посвесни кога станува збор за нашето дишење. Кога пееме, треба да дишеме подлабоко. Ова го зголемува нивото на кислород и испраќа порака до мозокот дека сме подготвени да се смириме. Нашиот пулс се забавува, крвниот притисок се намалува бидејќи крвните садови се релаксираат и едноставно се чувствуваме посмирени - објаснува Ектон.

- Интересно е тоа што со пеењето под туш ги комбинираме здравствените придобивки од длабокото дишење со хидротерапијата односно „терапијата со вода“ - додава Ектон.

Освен физичкото влијание врз телото преку промена на дишењето, пеењето има моќ да нѐ приземји во сегашниот момент, бидејќи бара фокус.

Извор: Metro.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука