X
 30.04.2018 Наука

Митови што сме ги научиле на час по биологија и во кои сѐ уште веруваме

Часовите по биологија треба на учениците да им ги дадат најновите информации, туку исто така и доверба во научниот метод, како и да ги „вооружаат“ со логички и разумни вештини поврзани со науката. Проблемот е што многу митови ги саботираат овие цели. Всушност, многу од митовите потекнуваат од самите часови по биологија што ги предаваат оние наставници кои се премногу мрзеливи за да проверат дали фактите се исти или се промениле. Ова се најчестите од нив.

1. Луѓето се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана


Фото: Socratic


Честопати, луѓето знаат да кажат: „Не за џабе се борев да застанам на врвот на синџирот на исхрана, за сега да јадам салата“. Меѓутоа, концептот позади реченицата е погрешен. Мрежата на храна е составена од синџир на исхрана - кога енергијата се пренесува на линеарен начин. Проблемот со синџирот на исхрана е што обично постојат повеќе организми што се и предатор и плен. Многу организми јадат повеќе работи и обратно, се консумирани од повеќе предатори. Моделот на синџирот на исхрана често ги игнорира произведувачите на дното. Како таква, мрежата на храна, иако несовршена, е далеку попрецизен модел.

2. Респирацијата е синоним на дишењето


Повеќето луѓе мислат дека респирацијата и дишењето се едно исто. Респирациајта е кога мускулите ослободуваат гликоза за време на физичка активност како што е вежбањето. Гликозата е гориво на телото. Ја користиме за енергија. Оваа заблуда се должи на фактот што проучувањето на респираторниот систем главно се фокусира на дишењето.

3. Мачките и кучињата не гледаат бои

Причината за распространетоста на овој мит се должи на фактот што мачките и кучињата гледааат различно од нас. Најновите истражувања покажуваат дека кучињата и мачките можат да гледаат сина и зелена боја, но не во толку жива боја како ние. Бојата во видот на кучињата е за 1/7 помалку „жива“ од нашата, поради факттот што имаат помалку конусни клетки. Но тие имаат повеќе стапче-клетки отколку луѓето. Овие клетки ја чувствуваат светлината. Тоа значи дека кучињата имаат подобар ноќен вид отколку ние. Кај мачките, боите изгледаат сосема поинаку. На пример, виолетовата, за нив изгледа повеќе сина, додека црвената и розевата се појавуваат како нијанси на зелена.


Фото: Unsplash

4. Шеќерот е исто зависен како кокаинот

Ова доаѓа од бестселерот на д-р Роберт Лустиг, „Fat Chance“, за првпат објавен во 2009 година. Во книгата, Лустиг тврди дека шеќерот го стимулира системот на награда на мозокот исто како што го стимулираат кокаинот, хероинот и алкохолот. Проблемот е што, иако шеќерот предизвикува допамин, не постои ниту едно научно истражување што го поддржува ова тврдење.

5. Ќерките наследуваат особини од мајките, а синовите од татковците


Генетиката е забавна, нели? Но знае да биде и прилично збунувачка. Повеќето луѓе веруваат во оваа заблуда уште кога научиле како наследуваме карактеристики. Точно е дека потомството наследува нешто од секој родител.

Но карактеристиката што организмот ја зема обично е доминантна, без разлика од кој родител произлегува и без разлика на полот на потомството.

6. Ајкулите можат да почувствуваат една капка крв во водата, на оддалеченост од 1 километар


Застрашувачко, меѓутоа ова тврдење не е потврдено од науката. Тие можат да намирисаат 1 дел од крвта на 10 милијарди делови од водата. Меѓутоа важно е да знаете што е 1 од 10 милијарди вода е. Добар начин да се визуелизира ова е „прстенот“ од пенкало, на олимписки базен. Молекулите се расфрлани и лебдат во водата и има многу од нив во океанот. Најдобро што ајкулата може да направи е да  почувствува крв оддалечена неколку фудбалски игралишта ако струите и други услови се сосема исправни.

7. Луѓето еволуирале од шимпанза


Додека шимпанзата може да се нашиот најблизок жив роднина, ние не еволуиравме од нив. Всушност, шимпанзата, горилата и луѓето имаат заеднички предок кој живеел на Земјата пред околу 6 до 10 милиони години. Но колку сме поврзани со шимпанзата? Делиме 98.8 отсто од истите гени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука