X
 25.11.2015 Култура

Колку би чинеле познатите споменици денес?

Имате плус 200 илјади евра за купување на познат споменик? Би се изненадиле колку чинат некои споменици кои се незаменливи симболи на градовите.

 

afejlova


За да дознаат колку би чинела изградбата на светски познатите згради денес, „HomeAdvisor“ анализираше седум познати градби низ светот, земајќи ги во предвид трошоците за изградба. исто така, земени се во предвид и оригиналните трошоци, кои покажуваат како некои материјали биле значително поскапи од пред 100 години, но останатите материјали се значително поевтини од денес.

Така на пример, изградбата на Статуата на слободата чинела десет пати повеќе во 1886 година отколку денес, а Биг Бен денес би се направил по дупло пониска цена. Од друга страна, прекрасниот споменик на Исус Спасителот во Рио би бил значително поскап доколку се направи денес отколку во 1931 година.

Сепак, некои од предвидените трошоци се всушност изненадувачки поевтини - изградбата на Статуата на слободата или Биг Бен денес би била поевтина од купување на апартман во Менхетен. Кому воопшто му е потребен стан кога можете за истата сума на пари да купете знаменитост од некој град.

Ви ја донесуваме целосната листа на знаменитости и нивното проценување на вредноста во американски долари, рангирани од најскапи до најевтини.

7. Пирамидите во Гиза - 878 милиони долари
6. Колосеум - 380 милиони долари
5. Ајфеловата кула - 30 милиони долари
4. Кривата кула во Пиза - 4 милиони долари
3. Исус Спасителот - 1.5 милиони долари
2. Статуата на слободата - 1.3 милиони долари
1. Биг Бен - 222.000 долари
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура