X
 24.12.2018 Здравје

Пет сигнали на организмот што никогаш не смеете да ги игнорирате

Кога нешто лошо се случува во организмот, телото дава мошне прецизни знаци. Ова се 5 предупредувања кои никако не смеете да ги игнорирате.

Главоболка

Главоболката никогаш не сфаќајте ја здраво за готово. Ако имате невообичаени болки, причината може да биде обичен стрес, умор, но и рак, инфекција или некои здравствени проблеми поврзани со оралната хигиена.

Болка во стомакот и промена на работата на цревата

Цревата се чистачи на организмот. Доколку забележете промена, тоа не е добро. Може да укажува на дијабетес или некој облик на рак. Обрнете внимание на секојдневните навики.

Невообичаено губење на килограмите

Ова е класичен и најочигледен знак дека со вашето здравје нешто не е во ред. Причина може да биде негативната и лошата психичка или физичка состојба. Во секој случај, што поскоро мора да преземете нешто.

Хронично кашлање

Кога е сезоната на грипот, секако дека на кашлицата нема да ѝ придавате преголемо значење. Ако трае предолго, подолго од две недели без престан, тогаш може да имате проблеми со имунолошкиот систем, пречка во работата на желудникот или на срцето.

Чудна болка

Ако нешто ве прободува во зглобовите или мускулите, задолжително проверете за што се работи. Навременото откривање на болеста може да биде клучно за нејзино лекување.

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје