Програмерот Берт Хуберт, познат и како автор на услугата „ПауерДи-ен-ес“, создал апликација која јасно покажува колку податоци се испраќаат до „Гугл“ додека корисниците се онлајн.
Неговата идеја е прилично едноставна: ги собрал сите IP-адреси на серверите на „Гугл“ за различни намени, а потоа ја програмирал апликацијата да испушта звук секогаш кога компјутерот ќе дојде во контакт со тие адреси.
Како што веројатно може да претпоставите, демо-верзијата на апликацијата се покажала како доста бучна. За време на работењето на „Гугл хром“, звукот на испраќање податоци до серверите на „Гугл“ се јавува речиси постојано. Слично се случувало и при користење на „Фајрфокс“ - и тогаш звуците биле чести.
Апликацијата се огласувала при внесување на секоја буква во веб-прелистувачот бидејќи прелистувачот во тоа време дава предлози за комплетирање на терминот за пребарување. Потоа, речиси секое кликнување на веб-страниците предизвикувало реакции од серверите на „Гугл“ на одреден начин, со што се генерирал звук од апликацијата. Ова веројатно се случувало поради анализа на посетите на „Гугл аналитикс“.
Извор:
Blic.rs
Фото: Freepik