X
 22.12.2020 Образование

УКЛО и Центарот за управување со кризи почнуваат поинтензивна соработка

Во рамките на заложбата на УКЛО за интензивирање на соработката со Центарот за управување со кризи, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ќе се вклучи во процесот на реформи и трансформација при креирањето интегрален систем за управување со кризи заедно со академската заедница од нашата земја. Ова, меѓу другото, е договорено на работната средба, на 22.12.2020 година, која проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски од име на УКЛО ја оствари со директорот на Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија, Стојанче Ангелов.

На средбата се разгледани повеќе актуелни теми за унапредување на соработката, при што, покрај можностите за структура на студиски програми и наставни содржини за кризен менаџмент, како еден од  најголемите современи предизвици, Универзитетот ќе помага со конкретни предлози и препораки. Во таа насока, посочен е успешно реализираниот проект за вонредна состојба во услови на пандемија во Република Северна Македонија од Факултетот за безбедност – Скопје, единица на УКЛО, како и очекувањата од научноистражувачкиот проект „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кризна и сложена безбедносна состојба – менаџирање и справување со кризи по чие завршување предлозите ќе бидат понудени како решенија за градење ефикасен безбедносен систем, чиј интегрален дел е и управувањето со кризи.

sorabotka

Ова од причина што и целта на проектот е да се утврдат евентуалните критични области во безбедносниот систем на Република Северна Македонија во кои се потребни елементи за позитивна промена, меѓу другото и во делот на кризниот менаџмент и заштита и спасување.

Покрај размената на овие значајни информации, УКЛО и Центарот за управување со кризи ќе вложат напори во систематизацијата на постојните работни места на Центарот да се вградат и звањата во областа на безбедноста и управувањето со кризи на државните универзитети.

Инаку, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и неговите единици ќе се вклучат во издавачката дејност на Центарот за управување со кризи во функција на зголемување на фондот на научно-стручни публикации и литература за потребите на вработените на ЦУК, професорите, студентите, стручната и општата јавност во земјата. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ќе одржи предавање пред студентите на Факултетот за безбедност - Скопје.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование