Во својата книга, „Fluent Forever“, оперскиот пејач Габриел Вајнер укажува на тоа дека еден од најдобрите начини да се научи нов јазик е да се практикува неговото запомнување.
Со други зборови, наместо повторно и повторно да се чита листата на нови зборови, треба да ја прочитате еднаш и постојано да се
тестирате себеси.
Истата стратегија функционира за се` останато што се обидувате да го научите, а постојат и доста голем број на истражувања за ова. Психолозите овој феномен го нарекуваат „ефект на тестирање“.
Истражување од 2003 година ја нагласува моќта на тестирањето за запомнување на информациите. Во истражувањето, истражувачите предводени од Марк Вилер на учесниците им дале да разгледаат листа од 40 зборови околу 4 пати или да ја разгледаат еднаш и 4 пати да направат тест за потсетување. Потоа тие повторно направиле тест или пет минути или една недела подоцна.
Резултатите покажуваат дека учесниците кои ја прочитале листата на зборови 5 пати имале подобри резултати на тестот за потсетување 5 минути подоцна. Но, учесниците кои ги прочитале зборовите само еднаш, имале подобри резултати на тестовите 1 недела подоцна. Со други зборови, тестирањето им помогнало да ја подобрат долгорочната меморија.
Поновите истражувања покажуваат дека со комбинирањето на тестирање со брз одговор е поефикасно, па дури и може да ја зголеми меморијата веднаш откако информацијата ќе се научи.
Истражување направено во 2014 година од Карола Виклунд, 83 студенти на додипломска психологија учеле серија на психолошки концепти околу 4 минути. Половина од учесниците продолжиле да ги проучуваат овие факти, а секој факт бил претставен на компјтерскиот екран околу 15 секунди.
Другата половина направила 6 тестови во кој тие морале да претстават концепт опишан на екранот. На пример, ако на екранот пишувало „подобрувањето во задржување на информациите презентирани на почетокот на листата“, тие требало да напишат „примарен ефект“.
После завршувањето на периодот на учење, сите учесници направиле тест во кој им бил презентиран факт и барал да напишат соодветен концепт. Тие го направиле истиот тест 18 дена и 5 недели подоцна. Учесниците кои претходно биле тестирани имале подобро резултати во сите три тестови.
Земени во предвид заедно, овие истражувања покажуваат дека најефикасната стратегија за помнење на нешто - без разлика дали учите нов јазик или учите научен испит е да се потсетувате на него. Поефективно е отколку да се обидувате да ги вежбате фактите во вашиот ум зјапаќи во нив повеќе од еден час.