X
 28.11.2015 Образование

Што можеме да научиме од германскиот образовен систем?

germanija

 

Во 2000 година, Германија доживеа непријатно „враќање“ кон реалноста кога Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) откри разочарувачки резултати за ефикасноста и еднаквоста во своите училишта.


Земјата на тестот покажа резултати под просекот и тоа во математика, читање и наука според Pisa - и доби несакано признание за постоење на најнееднакви перформанси во образованието помеѓу 43 испитани земји.

Резултатите биле удар за оваа земја која се гордее со силната традиција на писменост и верувањето во социјална еднаквост. „Образовниот училишен систем на Германија и целата нација, беше шокирана од првите резултати на Pisa во 2000 година“, вели Кристијан Фуелер, германски автор и коментатор за образование. „Резултатите открија широка ризична група на студенти кои не можат соодветно да читаат, и беа наречени „функционално неписмени“. Ова изгледаше како да ќе ја уништи културата и писменоста изградена од Гете и Томас Ман“.

После една деценија, Германија беше пофалена во истото истражување. Во 2012 година, таа беше една од трите земји испитана од ОЕЦД, која ја намали нееднаквоста со истовремено подобрување на оценките по математика. Големиот „Pisa шок“ доведе до она што беше наречен голем пресврт во германското образование. Но, дали Германија со својот комплексен и фрагментиран образовен систем, може да им одрже лекција на другите земји?

Иако е тешко да се посочи точниот рецепт за успех, Мијако Икеда, постар аналитичар од тимот на Pisa, тврди дека една од најзначајните промени беше структурната рефрома на системот во средно училиште. Наодите од 2000 година, кои откриваат колку социо-економското потекло е поврзано со образовните можности, додаде масло на аргументот дека поттикнувањето на децата на возраст од 10 години не функционира. Стариот систем во кој децата или се преместувале во „Gymnasium“ (за академските ученици), „Realschule“ (за посредничките ученици) или „Hauptschule“ (за помалку академските насочени ученици) - покажувал доста нееднаквост.

Затоа, биле преземени одредени мерки за да се промени системот. Овие реформи вклучувале одложување на возраста кога децата требало да одат во различни средни училишта, со комбирање на „Realschulen“ со „Hauptschule“ и воведувајќи повеќе сеопфатни училишта. „Овие мерки беа поделени на академски и стручни. Со тоа се дозволи поголема флексибилност во нивното учење и донесе доста стигма“, вели Саша Столханс, професор на Универзитетот во Нотингем и претставник на службата за германска академска размена.

Државата го затвори „Hauptschules“ кој се карактеризираше како место за децата со слаби можности и создаде алтернативно училиште со попозитивна средина за учење.

Една од најважните лекции беше исто така приоритетот на поддршка за најниските постигнувања. Подобрувањата во читањето и математиката се должи поради промената во оваа група. Значаен дел од ниските постигнувања во извештајот на Pisa беа мигрантите - подобрувањето во резултатите започнуваше преку подобрување на нивните јазични вештини. „Поради лошото познавање на германскиот јазик, тие беа носени во „Haupschulen“, вели Саша. Исто така биле воведени субвенционирани целодневни училишта кои обезбедуваа поголема јазична поддршка и простор за интеграција.

Со тоа повеќе мигрантски семејства биле охрабрени да ги праќаат децата во градинка. „Во Германија градинката се сметаше за место во кое децата само си играа, но резултатите од Pisa не` натераа да видеме колку таа е важна алка во синџирот на образованието“.

„Тешко е да се зборува за германскиот образовен систем бидејќи секоја земја има сопствен. Учебниците, наставните планови и предавањето се променија од шокот што го доживеавме со резултатите од 2000 година. Учениците сега се подготвуваат за стандардните тестови, вели Џулија Долер, професорка во средно образование. Таа објаснува дека реформите донесоа пофокусирано предавање и часови.

„После 2000 година, поголем акцент се става на комуникацијата и тимската работа. Школувањето е посвежо, понасочено кон учениците и нивните животи“, вели таа.

„Во Германија постои помалку притисок врз наставниците и учениците. Тие можат да се фокусираат на процесот на образование, а не на самиот резултат“, вели Столханс.

Многу експерти успехот на германското образование го гледаат поради посветеноста на оваа земја кон слободно и квалитетно образование. „Не постои школарина во Германија, такашто учениците не се гледаат како клиенти“, вели Столханс. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование