X
 15.07.2019 Живот

Додека нашите ученици едвај се појавуваат на настава, еве како ученици од село во Виетнам одат на училиште

Во повеќето земји низ светот кога температурите ќе достигнат 40 степени, властите препорачуваат останување дома и помала изложеност на сонцето.

Но, овие деца во Хуои Ха, село во провинцијата Диен Биен, Виетнам, знаат дека образованието е од суштинско значење за извлекување од сиромаштијата. Затоа тие прават натчовечки напори за да посетуваат настава на училиште. Дури и ако тоа значи влегување во пластична кеса за да поминат преку опасна река.

Бамбусовите мостови и сплавови што се користат во поголемиот дел од годината се несоодветни кога реката ќе надојде, за време на дождовната сезона. Тогаш е време за креативност, па луѓето кои ги познаваат реките имаат задача да извлечат повеќе од 50 ученици од потенцијално смртоносните води.

Децата се плашат, но се одлучни, гледајќи нервозно додека чекаат да дојдат на ред. Преминувањето на реката е исклучително опасно бидејќи и најмала грешка може да биде фатална.

1
Фото: Vov

- Реката е екстремно опасна во овој период од годината. Моите роднини обично ги земаат децата со сплав, но сега не можат да го користат. Се надевам дека наскоро државата ќе инвестира во мостови за луѓето полесно да патуваат - вели Во А Гионг, главен во селото Хуои Ха.

Нгујен Ти Ту, директорката на средното училиште каде што учат учениците, се согласува дека мора да се направи нешто во врска со ситуацијата.

- Поплавите го поделија селото Хуои Ха. Во нашето училиште има повеќе од 50 ученици кои живеат во Хуои Ха и досега наставниците и родителите им помагаа безбедно да стигнат до училиштето - вели таа.

2

- Се надеваме дека во наредните учебни години ќе има повеќе инвестиции од државата со помодерни мостови што ќе овозможат безбедно патување на учениците до училиштата во овие дождливи сезони - додава таа.

Поминувањето преку реката е само почеток од патувањето на овие посветени деца. Откако ќе ја преминат реката, тие пешачат 15 километри, цели 5 часа, низ лизгави шумски патеки.

За среќа, откако веста за патувањето на децата се рашири по интернет, владата изјави дека ќе инвестира во повеќе мостови.

3

- Откако доби повратни информации од медиумските агенции за ситуацијата на учениците од селото Хуои Ха и дека мора во пластични кеси да ја преминат реката поради недостиг на инвестиции во транспортната инфраструктура, министерството за транспорт им даде инструкции на локалните власти на сите нивоа за да го разгледаат овој проблем - изјави министерот за транспорт Нгуен Ван.

Фото: Vov
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот