На некој начин, пишувањето на совршениот меил за потенцијалниот работодавец е чин на балансирање.
Од друга страна пак, сакате вашата порака и вашата апликација да се издвојуваат од останатите. Но, сигурно дека не сакате да испаднете непрофесионални, па сигурно се прашувате што треба да содржи и како меилот да биде формулиран.
1. Потребно е да имате јасен предмет (во делчето за subject)
Во никој случај не се правете „паметни“. Предметот треба да биде јасен и најчесто треба да ја вклучува работната позиција за која аплицирате, на пример: „Апликација за менаџер на сервис“ заедно со вашето име и презиме.
2. Испратете ја пораката до соодветно лице
Најлошото нешто што би можеле да го направите е да ставите „Почитуван/а господине/госпоѓо, бидејќи со тоа покажувате дека не сте вложиле доволно труд дека сте истражувале доволно за компанијата и не сте виделе на која личност треба да и` пишете.
Можете на LinkedIn да ја побарате компанијата и да го побарате агентот за вработување кој оригинално го ставил огласот. Доколку ова не ви успее, тогаш можете да побарате некој кој работи таму и да се распрашате кому треба да му го испратите меилот.
3. Зборувајте за тоа што можете да обезбедите за компанијата
Имајте на ум дека работодавецот е вашата целна публика. Размислете за тоа каков вид на вредност им нудите. Во меилот, зборувајте за тоа што точно можете да направите за компанијата и што се` сте научиле за компанијата.
Добро проверете бидејќи би била ужасна грешка ако го згрешите името на компанијата.
4. Не го копирајте CV-то во меилот
Добро би било да не го копирате и ставите CV-то во текстот бидејќи форматот на CV-то е различен од меилот, па целиот меил ќе биде катастрофален во однос на естетика.
Доколку сакате да го ставите CV-то тогаш добро би било да ставите различен документ.
5. Испратете го меилот веднаш после објавувањето на огласот на компанијата
Колку побрзо ќе испратите меил за апликацијата за работата, толку подобро. Најдобро би било тоа да го направите во следните 72 часа бидејќи работодавците веќе се преплавени со меилови, такашто постои можност вашиот да не биде ни отворен.