X
 26.10.2020 Живот

Како да се справите со токсичен работодавец?

Најдобрите работодавци ги поддржуваат и ги почитуваат своите вработени, а како резултат на тоа успехот на компанијата се зголемува. Лошиот работодавец може да ја наруши продуктивноста на работникот и да ја намали неговата мотивација, со што негативно влијае врз компанијата.

Речиси 49% од работниците велат дека не се задоволни од работата, најчесто поради токсичен работодавец или затоа што не се чувствуваат ценети. Нова анкета на кандидати за работа спроведена од „Колеџ фајненс“ покажува дека луѓето бараат лидери што му даваат приоритет на вмрежувањето и се одговорни за работата.

Добрите лидери даваат јасни насоки, имаат емоционална интелигенција и емпатија кон вработените, го препознаваат трудот, градат доверба, соработка и околина на психолошка безбедност и стабилност, ја охрабруваат независноста, но и групната работа кон јасна цел и им даваат време на вработените за грижа за менталното здравје.

Лошите лидери постојано ја набљудуваат работата на вработените, ги брзаат до степен на стрес, имаат неразумни барања и непредвидливо расположение, создаваат клима на итност и тензија без да ги почитуваат чувствата на вработените, неефективно управуваат со времето, ги обвинуваат вработените за неуспесите на компанијата и се премногу критични и нетолерантни.


Фото: Pixabay

Лошите лидери може да се наречат и токсични лидери. Тие ја прават работната околина непредвидлива и непостојана, а стравот и несигурноста се нормални реакции во таквата околина. За жал, не можете да го отпуштите вашиот работодавец, но може да ги преземете следните чекори што ќе ви помогнат да работите со него.

Одбегнувајте гнев, фрустрација и нетрпеливост

Проценете кога треба да се воздржите од несоодветен и погрден јазик. Останете дипломати и професионални дури и кога сте фрустрирани. Зборувајте со работодавецот и обидете се да ја разберете неговата страна и обидете се да најдете заеднички јазик.

Разговарајте со работодавецот

Откријте кои се очекувањата на работодавецот од вас. Прашајте што точно се очекува од вас. Овој пристап гарантира дека нема да бидете деградирани затоа што не се вложувате повеќе од потребно. Објаснете му ја на работодавецот и својата страна, значењето на вашиот личен живот и вашите очекувања од работата.

Зборувајте со колегите

Другите колеги веројатно ги имаат истите проблеми. Зборувајте со нив за ситуацијата и обидете се да најдете заедничко решение. Сепак, воздржете се од погрдни зборови, обвинувања и озборувања.

Автор: Брајан И. Робинсон
Извор: psychologytoday.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот