X
 20.01.2024 Живот

Како е најдобро да ја отворите вратата на замрзнат автомобил?

Се очекува снег во многу делови од земјава, а отворањето на вратата од автомобилот на вакво време може да претставува проблем. Што да направите ако не можете да влезете во автомобилот затоа што вратата е замрзната?

Ако набрзина ја повлечете рачката на вратата со сета сила, може да се скршат многу делови во неа. Германскиот автоклуб АДАЦ советува како да избегнете скапи грешки.

Стариот трик со клуч од автомобил

Денес, речиси сите автомобили имаат централна брава со далечински управувач на клучот. Но, може да се случи и батеријата во клучот да е празна, а ако сакате да отворите замрзната брава на вратата, ќе имате проблем. Сепак, постои еден трик што долгогодишните возачи можеби го знаат. Eдноставно загрејте го металниот дел од клучот со запалка и потоа вметнете го во бравата.

Но, ова не се препорачува за модерните клучеви. АДАЦ го препорачува ова само за стари клучеви и ако нема друга опција. Системите без клуч често имаат само скриен клуч за итни случаи, кој не мора да биде метален. Најдоброто решение е секогаш со вас да имате хемиски одмрзнувач за брави.

Штетата предизвикана од замрзната врата на автомобилот може да биде скапа

Првата мисла што им паѓа на ум на многумина - топлината помага против мразот. Но, ова може да доведе до скапа штета. На пример, ако истурите врела вода на вратата од автомобилот, прозорецот може да се скрши кога ќе дојде во контакт со водата. Термичкиот шок создава огромен механички притисок врз стаклото. Дополнително, топлата вода веднаш се замрзнува при многу ниски температури.

Според АДАЦ, водата не треба да има температура поголема од 50 Целзиусови степени. Внимателно истурете ја водата на гумата покрај рамката на вратата, а остатокот избришете го со крпа. Потоа не турајте ја водата на тротоарот, туку во одводот.

Отворање на замрзната врата од автомобилот: ова е најдобриот начин

Постои метод кој може да ви помогне нежно да ја отворите вратата од автомобилот. Наместо да влечете со сета сила, обидете се нежно да ја туркате вратата навнатре. Најдобро е едната рака да ја ставите на вратата, а другата на рачката на вратата. Притисокот предизвикува мало поместување на вратата и мразот може да се откачи.

Можете и со прсти да го скршите мразот. Ако возачката врата не се отвори, обидете се со совозачката врата - ако можете да влезете внатре, можеби ќе можете малку да ја турнете возачката врата однатре.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот