X
 01.12.2015 Технологија

Технологија која може да ги враќа мртвите во живот

Истражувачите планираат враќање на мртвите во живот со замрзнување на нивните мозоци и нивно „воскреснување“ со вештачка интелигенција. Иако враќањето на мртвите во живот звучи премногу футуристички, „Хумаи“ веќе работи на тоа.


„Хумаи“ е технолошка компанија од Лос Анџелес која работи на проект со кој би се овозможило оживување на човечката свест и нејзино префрлање на вештачко тело по природната смрт. Од компанијата велат дека ова може да биде реализирано во следните 30 години.

Сите карактеристики на еден човек би можеле да бидат ставени на силициумски чип преку вештачка интелигенција и нанотехнологија.

Основачот на компанијата, Џош Боканегра за американски медиум изјавил: „Ја прифаќам смртта, но не сум исплашен од неа бидејќи не сум 100% сигурен дека ќе умрам еден ден“.

Враќањето во живот сигурно нема да биде лесно или евтино и сè уште не се познати многу детали од проектот. Но, Боканегра изјави дека со технологија за клонирање би можел да се зачувува мозокот додека старее.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија