X
 03.12.2016 Култура

Кој го смисли џихадистичкиот тероризам?

Религиозните екстремисти кои за себе велат дека се реформатори, оставија неизбришлив белег врз терористичките движења на денешницата.

Човек држи арапско знаме

Што мислел Мухамед ибн Абдул-Вахаб додека одел кон Дираџа? Дали имал чувство дека е неуспешен во животот? Дали размислувал за одлуката дека жената треба да се каменува? Можеби неговото протерување од родниот град заради верска тиранија само ги зацврстило неговите ставови дека исламот треба да се прочисти и да се исчисти. Без оглед на неговите мотиви, тој никогаш не се откажал од религиозните ставови.

Во доцниот осумнаесетти век, една негова прошетка од Ујаина до Дираџа, во близина на сегашниот Ријад, засекогаш го променила Блискиот Исток. Неговата филозофија за вехабизмот е малцинска и пуританска реинтерпретација на исламот која се појави во 18 век, кога Абдул-Вахаб станал најрадикалниот реформатор во илјадагодишната историја на исламот.

Политички заштитници

Тој бил талентирано дете од имотно семејство со долга лоза на правни стручњаци. Коранот го научил напамет пред својот десетти роденден, а во младите години бил и на аџилак во Мека. Бил вонреден ученик кој редовно одел на настава во Басра или Медина. Од студиските патувања се враќал побогат за нови следбеници и што е најважно, добивал политички заштитници. Потоа се посветил на реформите. Го осудил обожувањето на предците, гробовите, дури и прославите на родендените.

Гробиштата и храмовите во неговата родна Ујаина биле уништени, што им пречело на водачите. Иако на самиот почеток му даваа поддршка, по некое време веќе им било доста. Му дале едноставен ултиматум - да замине, во спротивно ќе биде убиен. Тој ги собрал своите работи и заминал во блиската оаза Дираџа. Таму владеел човек по име Мухамед инб Сауд. Тие двајцата заедно ќе ги постават темелите на новата држава, Саудиска Арабија.

Во тоа време Дириџа била една од низата мали оази во Неџда, а Ибн Сауд бил ситен трговец без големо политичко влијание. Со мајсторски потег го зел верскиот реформатор под своја закрила, а со него добил голема база на потенцијални следбеници. Освен тоа, Абдул-Вахаб бил промотор на оданочувањето и правната сигурност, што му одело во прилог на Ибн Сауд. И што е уште поважно, и двајцата посакувале обединување на Арапскиот полуостров.

Абдул-Вахаб во 1744 година ја обзнанил својата верност кон Ибн Сауд, а за возврат побарал да биде верски водач.

Крваво освојување на пустината

Две години подоцна, почнале со крваво покорување на арапската пустина. Сауд го започнал џихадот против околните населби и ги натерал да се покорат. Иако на муслиманите им било строго забрането да војуваат против други муслимани, Абдул-Вахаб имал решение и за тоа. Противниците ги прогласил за неверници и со тоа војната против останатите арапски племиња, преку ноќ станала света должност на семејството Сауд.

Самиот Абдул-Вехаб често ги избегнувал битките, но семејството Сауд ревносно го ширело неговото учење со оган и меч. По освојувањето на Ријад, Абдул-Вехаб се повлекол од активната политика и се осамил. Наследниците на Ибн Сауд продолжиле со ширењето на неговите пораки,освојувајќи го и обединувајќи го Арапскиот полуостров.

Кога починал АбдулВехаб во 1792 година, значителен дел од Полсотровот бил во рацете на семејството Сауд. Модерната држава Саудиска Арабија е основана во 1932 година, но учењето на Абдул-Вехаб и понатаму останало темел на саудиското општество.

Денес вехабизмот е симбол за религиски екстремизам и пуританизам. Абдул-Вехаб е извор и оправдување за добар дел од џихадистичката пропаганда, но дури ни Ал-Каеда не признаваат за себе дека се вехабисти. Ним најмногу им смета политичката конотација, затоа што саудискиот режим го сметаат за американски сојузник и предавник на муслиманите. Заради тоа, најголемите екстремисти на денешницата себеси се сметаат за селефисти, иако помеѓу нив не постојат значајни разлики.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура