Препишувањето на тестовите е старо колку и самите тестови. Можеби познавате некој што бил фатен додека препишувал или можеби вие сте препишувале. За да се спречи ова и да се отстрани стресот што го создаваат тестовите, факултетите и универзитетите на Филипините ги повикуваат студентите да најдат сопствени решенија против препишување, со што им се овозможува на студентите да ги изразат своите личности и да предизвикаат насмевка на лицата на нивните врсници.
Некои од универзитетите што се вклучија во иницијативата се Универзитетскиот колеџ за инженерство „Бикол“ и Државниот универзитет „Батангас“.
- Бев изненадена затоа што побарав едноставни решенија, но студентите дојдоа до прилично креативни решенија. Среќна сум затоа што имаме многу талентирани студенти. Иако се смета дека испитите се стресни и страшни, студентите ги направија позабавни и поинтересни - вели професорката Мери Џој Мандан Ортиз.
- Да бидам искрен, размислував како или на кои начини да го намалам притисокот на студентите за време на испитите. Бидејќи ги охрабрувам да си го сакаат предметот што го предавам, дојдов до идеја да воведам земјоделска тема како решение против препишување - вели Ангело Ебора, додавајќи дека не очекувал учениците да си ја сфатат сериозно работата и да вложат толку многу труд.
- Кога ги видов нивните решенија против препишување, бев многу горд на нивната креативност - додава тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Reddit