X
 14.01.2016 Култура

Дејвид Боуви: Не знам каде ќе одам оттука, но ветувам нема да биде досадно

Во чест на големиот уметник, ова се најдобрите негови изреки

„Јас сум личност која може да ги глуми маските на различните луѓе кои ги среќавам. Може да менувам акценти. За секунди по средба со некого може да го преземам нивниот акцент. Секогаш откривам дека собирам. Јас сум колекционер. Само што секогаш сум собирал карактери, идеи.“

„Многу сум посреќен отколку што бев во раните 20-ти. Во тоа време, секогаш чувствував дека треба да бидам постар.“

„Сигурно мислите дека да се биде рок-ѕвезда, венчан за супермодел, е една од најдобрите работи во светот. Така е.“

„Иако ништо нема да нè задржи заедно, може да го украдеме времето само на еден ден. Сите може да бидеме херои, засекогаш.“ - Heroes

„Вистината, секако, е дека нема патување. Пристигнуваме и си заминуваме истовремено.“

„Не знам каде ќе одам оттука, но ветувам нема да биде досадно.“

„Секогаш имав одбивна потреба да бидам нешто повеќе од човек. Си мислев, за*би. Сакам дабидам суперчовек.“

„Моите изведби мораа да бидат театарски искуства за мене како и за мојата публика. Не сакам да се искачам од мојата фантазија за да стигнам на сцената, сакам да ја донесам на сцената со мене.“

„Погледни овде, во рајот сум. Имам рани кои не се гледаат, имам драма, не може да се украде. Секој ме знае сега.“ - Lazarus

„Како што стареете, прашањата се сведуваат на две или три. Колку долго? Што да правам со времето што ми останува?“

„Утрешниот ден им припаѓа на оние кои го слушаат дека доаѓа.“

„Морав да се откажам, пред многу години, дека не се изразувам многу... Но мојата музика го прави тоа за мене. Таму, во тоновите и мелодиите, е сè што сакам да кажам. Секогаш било мој начин на изразување она што не може да се изрази на друг начин.“

„Но мора да се сметам за најсреќниот човек. Роберт Џонсон имал само еден албум зад себе. Само толку му дозволил животот.“

„Секогаш сум бил збунет кога ме нарекувале камелеон на рокот. Зарем не користи камелеонот голема енергија за да остане незабележан во неговата околина?“

„Верувајте му само на своето искуство.“

„Причината поради која не сакаш да влезеш во врска не е тоа дека си авантурист и слободоумна личност, туку бидејќи си уплашен дека ќе излезе како мајка ти и татко ти.“

„Мојот духовен живот секогаш бил поврзан со она што го пишувам. Секогаш. Тоа е бидејќи не сум баш атеист и тоа ме загрижува. Секогаш има малку резерва: Па, речиси сум атеист. Дајте ми уште два месеци.“

„Самата слава... не ви нуди повеќе од добро место во ресторан.“

„Искористете го најдоброто од секој момент. Не еволуираме. Не одиме никаде.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура