X
 08.12.2015 Наука

Што се случува кога ги "крцкаме" прстите?

Може да се каже дека постојат два типови луѓе: оние кои сакаат да ги крцкаат коските на дланките и оние кои го мразат тоа. Но, речиси никој не знае што, всушност, се случува во прстите кога ги притискате малку повеќе од вообичаено. Тим истражувачи работеле за да го одговорат ова прашање еднаш засекогаш со ултразвучни техники за време на крцкање на прстите.


На состанок на Радиолошката заедница во Северна Америка, тие објавија откритие дека најверојатно се работи за создавање меури во зглобовите кои го создаваат звукот. Научниците веќе знаеја дека звукот не е предизвикан од коските и мускулите кои се удираат меѓусебно туку дека се работи за течноста која се наоѓа меѓу злобовите на прстите.

Истражувачите откриле дека кога ги истегнуваме прстите испуштаме воздух во течноста кој создава мали меури. Овие меури се создаваат многу брзо и пукаат речиси исто брзо. На ултразвучните испитувања, истражувачите виделе и светла експлозија со создавањето и пукањето на меурите.

Истражувањето покажува дека меурите се причина за звукот, но истражувачите сè уште не знаат дали звукот се создава за време на создавањето или пукањето на меурите.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука