X
 11.09.2016 Наука

Зошто сечењето на прстот од хартија предизвикува голема болка?

Вие не би помислилe дека мало парче хартија може да нанесе толку остра болка на човечкото тело, но од сите мали вознемирувања во животот, сечењето на прстот со хартија се смета за една од најлошите.

Иако не е сериозна повреда во големата шема на нештата, но сигурно предизвикува многу болка за толку мала повреда. Па зошто сечењето од хартија нѐ боли толку многу, иако не пробива низ кожата? Се чини дека нашите нервни завршетоци се оние кои треба да ги обвиниме: имаме повеќе рецептори на болка на врвовите на прстите од било кое друго место во телото, што веќе можеби го имате искусено на пример ако сте се обиделе да земете нешто многу жешко.


  сечење на прст од хартија


“Со прстите ние го истражуваме светот, но и извршуваме мали деликатни задачи. Па оттука логично е да имаме многу нервни завршетоци во тој дел. Тоа е како вид на механизам за безбедност“- изјавила дерматологот, Хајли Голдбах од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Овие нервни завршетоци се нарекуваат “nociceptors“ и тие го предупредуваат мозокот, преку чувство на болка, за високи температури, опасни хемикалии и притисок при допир со кожата. Некои вината ја пронаоѓаат во хартијата, дека рабовите на хартијата не се толку мазни како што изгледаат од далечина и се вознемируваат што може да остават груба трага на уништување на кожата, наместо само мал засек.

Сечењето со хартија не е вообичаено длабока повреда за да ги активира механизмите на телото за природна одбрана, како згрутчување на крвта, па оштетените нервни завршетоци на нашите прсти остануваат изложени. Сето ова значи дека сечењето од хартија е мошне болно, или барем она што може да го претпоставиме врз основа на ограничените докази што ги имаме.  Во отсуство на волонтери кои би биле вклучени во студија за сечење на прстот од хартија, научниците мора да го искористат знаењето што го имаат за телото за да дојдат до нови хипотези.

Во видеото подолу научниците сугерираат дека може да постои психолошки елемент за сечење од хартија: во нашиот ум, болката е понагласена бидејќи е предизвикано од толку мал, а навидум безопасен предмет.


Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука