Пронаоѓањето информации за процесорот и неговата брзина на вашиот андроид-уред не е толку едноставно како отворањето на апликацијата „Системски информации“(System Information). Сепак, постојат неколку начини да го направите ова. За жал, за разлика од гледањето колку РАМ-меморија има вашиот телефон, обично не е можно да се најде процесорот во менито „Поставки“ (Settings).
Наместо тоа, мораме да пребаруваме на веб или да користиме корисна апликација наречена „Девчек (DevCheck)“.
Како да го „најдете“ процесорот во телефонот со оперативен систем „Андроид“
Андроид-телефоните ретко даваат многу информации за хардверот во нивните поставки. За разлика од компјутерите со „Виндоус“, каде што можете едноставно да ја отворите апликацијата „Системски информации“, тоа не е така лесно на телефоните со „Андроид“. Едноставен метод е, се разбира, пребарувањето на интернет.
За најдобри резултати се препорачува да отидете во „Поставки“ (Settings), потоа „За телефонот“(About phone), за да го најдете точното име на моделот на вашиот уред. Имајќи предвид дека некои телефони имаат различни спецификации во зависност од регионот, корисно е да се знае точното име на моделот наместо општото име, како што е „Галакси З Флип 4“, а моделот е всушност „SM-F721U“. Внесете го моделот на телефонот во пребарувачот заедно со клучниот збор „Спецификации“, што треба да ви даде резултати со детални информации за вашиот уред, вклучувајќи информации за процесорот.
Ако сакате повеќе информации, можете да ја користите сигурната апликација „Девчек (DevCheck)“ достапна во продавницата на „Гугл плеј“ на вашиот телефон. Оваа апликација е бесплатна, лесна за користење и обезбедува детални информации за хардверот.
Едноставно отворете ја апликацијата и одете на опцијата „Хардвер“. Таму ќе го најдете не само името на процесорот што го напојува вашиот телефон, туку и дополнителни информации за него. Во некои случаи, целото име на процесорот може да не е наведено, но тогаш можете да пребарувате на интернет користејќи го бројот на моделот наведен во делот „Хардвер“, за да го најдете целосното име доколку ви треба.
За да ја видите брзината на процесорот, одете на „Контролната табла“ каде што можете да го следите „статусот на процесорот“ во реално време. Иако брзината на процесорот е тешко да се измери, овие податоци можат да ви дадат одреден увид за тоа како функционира.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik