X
 10.12.2015 Образование

Универзитетот на кој може да студирате за диплома во пица

Да се биде опкружен со пица секојдневно е сон на секој љубител на храна. Ова би можело да стане реалност за некои среќници.


„Pizza Hut“ соработува со Универзитетот „Метрополитан“ во Манчестер во создавањето програма за 1.500 студенти во следните 5 години кои би добиле диплома во областа на пицата.

Студентите ќе учат за уметноста на подготовка на пица, но и ќе учат вештини кои ќе им помогнат во кариерата во таа индустрија. Брендот изјавил за медиумите дека на дипломците ќе им плаќаат повеќе за работа во нивните ресторани отколку на останатите.

Ова не е прв бренд во пренхранбената индустрија кој организира програма за студирање. Кеј-Еф-Си веќе соработува во универзитетот „Де Монтфорд“, а „МекДоландс“ нуди диплома за бизнис менаџери од 2010 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование