X
 30.03.2022 Образование

101-годишник добил диплома за средно образование по 80 години

Мерил Питман Купер конечно ја добил својата диплома за завршено средно образование по над 80 години.

Купер, кој сега има 101 година, завршил средно образование во училиштето „Сторер“ во Харперс Фери, Западна Вирџинија. Тој одел на училиште од 1934 до 1938, но се откажал во последната година кога неговото семејство се преселило во Филаделфија од финансиски причини.

Училиштето „Сторер“ било основано во 1865 и првично било наменето за ослободени робови. Во 2018 година Купер ја посетил зградата на училиштето, која сега е во национален парк, и му открил на семејството дека жали што нема диплома. Инаку Купер работел во превозната индустрија.

Семејството на Купер го контактирало националниот парк и работело со повеќе партнери за да организира церемонија и да му доделат диплома на Купер. Доделувањето на дипломата било одржано на 19 март.


Извор: CNN
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование