X
 14.01.2016 Образование

Онлајн-курс ветува вработување или ги враќа парите

„Udacity“, онлајн-сервисот за образование основан од Себастијан Тран, нуди нови програми за дипломи кои гарантираат работа за 6 месеци. Доколку не најдете работа во тој период, парите за курсевите ќе ви бидат вратени.


Стартап-компанијата ја воведува гаранцијата за 4 од своите онлајн-курсеви започнувајќи од неделава. Курсевите во прашање се наменети за машински инженери и софтверски инженери кои прават апликации за мобилните уреди и компјутерите.

Овие курсеви најчесто траат 9 месеци и за нив се потребни приближно 10 часа учење неделно. Тие чинат околу 300 долари, што е 100% повеќе од обичните курсеви од компанијата, но во овие курсеви студентите ќе работат заедно со специјалисти кои ќе им помогнат да најдат работа по завршување на курсот.

„Главната цел на образованието е луѓето да најдат работа“, изјави Тран.

Тран е убеден дека курсевите на неговата компанија се доволно добри за студентите да најдат работа благодарејќи на нив, иако „Udacity“ не е директно поврзана со технолошките компании.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование