X
 10.12.2015 Наука

Зошто се бакнуваме и прегрнуваме?

Причината поради која се бакнуваме и прегрнуваме е почудна отколку што мислиме. Верувале или не, 64% од културите воопшто не се бакнуваат. Оние кои го практикуваат тоа, воопшто не знаат зошто го прават тоа. Време е да дознаеме.


Луѓето може да споделуваат огромно количество информации со само едно ракување или допир на рамото. Како социјални животни, желбата за поврзување преку човеков контакт ни е вродена. Токму затоа, прегрнувањето и бакнувањето ни изгледаат вообичаени и нормални. Но, зошто ги правиме овие работи?

Прегратката не е секогаш сексуална, а романтичниот бакнеж секогаш не води со секс, па затоа не може да се каже дека ова се активности кои се поврзани со размножувањето. Според истражувањата спроведени досега, овие активности еволуирале за биолошки причини и имаат голема емоционална, психолошка и физичка вредност. Прегратката има цел да поврзува. Дури и животните го користат допирот и некакви форми на прегратки за да покажат доверба.

Гушкањето го поттикнува лачењето на окситоцин, познат и како „хормон на гушкање“, во мозокот. Овој хормон го поттикнува чувството на посветеност и доверба. Прегратките имаат физички и ментални здравствени поволности. Кога се гушкаме, нашите нивоа на стрес се намалуваат, а хемикалиите кои прават да се чувствуваме добро растат. Истражувањата покажале и дека една прегратка може да помогне во намалување на крвниот притисок.

Кога станува збор за бакнувањето, доказот за него може да биде најден пред 3.500 години во некои текстови.



Но, за разлика од гушкањето, бакнувањето не е универзално однесување. Впрочем, едно истражување покажало дека само 46% од културите се бакнуваат на романтичен начин. Од оние 64% кои не се бакнуваат, тоа го сметаат за одбивно.

Поради ова, многумина заклучуваат дека бакнувањето е нешто што човекот го научил. Сепак, постојат докази дека бакнувањето е вродено и дека причините за бакнување доаѓаат инстинктивно. Најчесто прифатената теорија за причината поради која се бакнуваме е дека луѓето потсвесно ги мирисаат своите партнери.

Кога нашите лица се толку близу, се испуштаат феромони, а размената на овие хемикалии покажува дали двајцата би имале добри потомци, што многу влијае на привлекувањето. Другите животни не мора да се близу за да го користат сетилото за мирис, но луѓето треба.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука