X
 11.12.2015 Живот

Одлична јапонска метода против мрзеливоста

Некогаш сме решителни во извршување на нашите обврски и задачи, но од друга страна постојат периоди кога ништо не ни оди, односно ситуации од кои се откажуваме од она кое сме го започнале.

 

1


Решение за ова имаат Јапонците со методата каизен која е всушност принцип од една минута, со чијашто примена можеме на подолг период да го задржеме вниманието и концентрацијата.

Вниманието и концетрацијата денес се сметаат за еден вид на вештина, во уметничката работа или спортскиот тренинг како и други активности. Меѓутоа, голем дел од нас, во комбинација со мрзеливоста, недостатокот на позитивните навики и концентрација, неизвршувањето на обврските што потоа влијае врз лошите оценки, паѓањето на испитот, итн.

Ако сте меѓу оние кои не успеваат да се насочат кон обврските, тогаш дефинитивно треба да ја пробате оваа метода.

Еве како функционира:

Целта на оваа метода се состои во тоа што човек треба да се занимава со одредена активност точно една минута, но ден по ден во исто време.

Една минута - тоа е сосема малку и со самото тоа лесно е да го направи секој човек. Мрзеливоста не стои на вашиот пат. Истото нешто што не сакате да го извршите и за кое измислувавте изговори и оправдувања, сега со леснотија ќе го направите за една минута.

Вежбање, правење стомачни, читање текст на странски јазик, било што. Кога времето ви е ограничено на една минута, работите не изгледаат тешки за изведување и донесуваат радост и задоволство.

И така, правејќи мали чекори, станувате совршени и постигнувате одлични резултати. Ја победувате несигурноста, се ослободувате од чувството на вина и беспомошност и чувствувате успех и слобода.

Инспирирани од чувството на успех, целосно ја зголемувате едноминутната вежба на петминутна и така натаму. Потоа незабележително ќе стигнете до половина час.

Методата настанала во Јапонија, а луѓето од западната култура на оваа метода може да им се чини неефикасна, бидејќи на западот луѓето веруваат дека без многу труд не може да се постигнат добри резултати.

Сепак, големите програми одземаат многу сила и енергија и може да го уморат човек и на крај да не донесат резултат. Каизен принципот им одговара на сите и може да се примени во сите животни сфери. Се` што ви е потребно е една минута!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот