X
 09.01.2024 Здравје

Дали дебелината влијае врз меморијата и учењето?

Прекумерната телесна тежина носи многу ризици за здравјето. Меѓутоа, ефектите на дебелината врз когнитивната работа и помнењето често се занемаруваат. Неодамнешни истражувања покажуваат дека дебелината може значително да ги влоши когнитивната работа и помнењето.

Врската помеѓу метаболизмот и меморијата е сложена, особено во однос на дебелината, дијабетесот и деменцијата. Истражување објавено во 2020 година покажува дека дебелината влијае на оштетувањето на краткорочната меморија преку промени во метаболизмот.

Истражувањето покажа дека постојат разлики во работната меморија, краткорочната меморија и големината на хипокампусот и предните региони на мозокот помеѓу лицата со прекумерна телесна тежина и лицата со здрава телесна тежина. Освен тоа, експерименти на глувци покажале дека на животните им се влошила меморијата откако примиле микробиоти од луѓе со прекумерна телесна тежина.

Друго истражување од Универзитетот на Алабама во Бирмингем покажа дека дебелината негативно влијае врз меморијата преку механизам кој влијае на регулирањето на Сирт1, протеин вклучен во регулирањето на гените.

Експертите сметаат дека во механизмите за влошување на меморијата и учењето како последица на дебелината се и проблеми со хормоните и воспаленија во телото, кои може да влијаат врз структурата и работата на одредени мозочни региони.

Извор: Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје