Во образованиот процес учениците често се прашуваат колку ќе им се најдат лекциите по математика во текот на животот. Постои и мислење дека одредени ученици полесно го совладуваат тој материјал од другите.
Неодамнешно американско истражување покажува што е најважно кога се учи
математика. Тоа траело 45 години и ги анализирало животите и карактерите на 5000 учесници, а почнало во текот на нивното основно или средно образование. Целта на истражувањето била и да се докаже како американскиот образовен систем се грижи за талентираните деца. Напишани се и многу трудови поврзани со истражувањето за тоа како да се препознае потенцијалот.
Се дошло до заклучок дека во однос на природните науки поважно е да се биде талентиран за да се стане стручњак. Добрите когнитивни способности се поважни од многу други фактори, покрај вежбање и работа на социоекономскиот статус.
Овде би сумирале дека според истражувањето, ако сте талентирани за математика и тоа го покажете на училиште, ќе успеете. Ако немате потенцијал, без разлика на трудот и желбата, многу потешко би се реализирале во математиката или во областите на природните науки.
Во истражувањето учествувале деца што покажале врвни резултати на испитите за когнитивни способности, а критичарите велат дека ако на детето му се потенцира дека е паметно на помала возраст, тоа има повеќе мотивација за учење и напредување. Истражувачите забележале дека тоа имало одредено влијание на резултатите во успехот на крајот на истражувањето.