Жените во Уганда потешко ја добиваат медицинската помош која им е потребна, особено во руралните региони. 5 студентки кои се нарекуваат „The code gurus“ се надеваат дека ќе го променат тоа.
Во земјата постојат болници и амбуланти, но една посета на лекар може жената да ја чини цела плата. Поради високите цени, жените во земјата ги одложуваат прегледите и се ставаат на ризик од заболување од посериозни состојби.
Студентките „The code gurus“ се водени од 25-годишната Маги Нанјомби, студент на универзитетот „Макерере“ во Уганда. Според „Take part“, Нанјомби започнала да се интересира за наоѓање подобри методи за откривање болести откако мајката на нејзина пријателка починала од рак на матката бидејќи не добила третман сè додека болеста била развиена премногу за да има ефект.
Овие
студентки оттогаш развиле уред и апликација наречени „Her health BVKit“, кој на жените им помага да откријат вагинална инфекција во својот дом. Уредот работи со примерок од урина, а истиот ја анализира содржината на примерокот и покажува дали е присутна инфекција. Информациите од уредот се испраќаат до апликацијата, кадешто може да се види состојбата на инфекцијата и потребата за посета на лекар.
Студентките моментално се обидуваат да соберат пари за обезбедување на беслатни уреди за жените во најизолираните места во Уганда.