X
 12.10.2016 Здравје

Каде згрешил Фројд во врска со женскиот оргазам?



Женски оргазам


Трите есеи за сексуалноста, Фројд тврди дека постојат два типа женски оргазам – вагинален и клиторичен, поради што денес ова тврдење се смета за инфантилно и незрело.

Серија студии на темата „женски оргазам“, спроведени од страна на Стуарт Броди и Руи Мигел Коста, повторно го отворија овој застарен концепт и на теоријата ѝ го додадоа тврдењето дека клиторичните оргазми се поврзани со незрели психолошки одбранбени механизми и лош квалитет на врската.

Заклучоците беа прилично груби: истражувањето покажало дека жените што доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот се ментално неспособни.

Меѓутоа, новото истражување објавено од неврологот и основач на Liberos, Никол Проз, обезбедува докази дека вагинален и клиторичен оргазам е исто, побивајќи ги претходните истражувања на оваа тема.
Проз и нејзиниот тим повикале 88 жени на возраст помеѓу 18 и 53 години да им одговорат на детални прашања поврзани со нивните вообичаени и најчести оргазмични искуства, како и за депресијата и анксиозноста.

Од учесничките побарале да гледаат „неутрални“ и „сексуални“ филмови и ги замолиле да се обидат да го зголемат или намалат сексуалното возбудување, или да реагираат вообичаено.

Резултатите покажале дека повеќето жени, 64%, се изјасниле дека и клиторичната и вагиналната стимулација се дел од нивниот вообичаен метод за постигнување оргазам.

Интересно е тоа што жените кои изјавиле дека најчесто клиторичната стимулација е одговорна за доживувањето оргазам, покажале поголема контрола врз нивното сексуално возбудување.

„Клиторисот и вагината се разликуваат во соматосензорниот кортекс или во моторниот хомункулус, во надворешниот горен дел од мозокот. Некои луѓе погрешно мислат дека овие регии можат самостојно да генерираат оргазам. Практично, не постои каков било доказ дека тоа може да се случи. Дополнително, при вагинален секс клиторисот секогаш се поместува, па според тоа речиси е невозможно да се направи оваа дистинкција, особено поради тоа што пенетративниот однос е вклучен во создавањето на вагиналните оргазми.“    
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје