X
 11.12.2015 Живот

Тажните писма со желби од децата за Дедо Мраз

деца

 

Постои тешка и темна страна во текот на овој период од годината. Свесни за многу добротворни организации кои се подготвуваат за божиќниот и новогодишниот период како и семејствата кои не успеваат да купат подароци за своите најблиски, една група од Квинсленд испраќа писма до Дедо Мраз од децата.


Минатата година на околу 700 деца од 400 семејства им било помогнато со помош на организацијата „Mothers against drugs“ и нивните волонетри преку проектот наречен „Be an elf“.

Пред Божиќ, волонтерите ги отвораат писмата и започнуваат да ги читаат желбите на дечињата.

„Голем дел од децата имаат скромни барања, а некои од нив едноставно ви го кршат срцето. Многу од децата не одат редовно на училиште бидејќи немаат чевли“, вели Хинз која учествува во акцијата за исполнување на желбите на дечињата.

„Други деца пак немаат очила за читање бидејќи ги изгубиле, па нивните родители немаат пари за да им купат нови“, додава таа.

„Во локалното училиште минатата година во трето одделение имаше три одделенија со по 26 ученици од кои на 13 ученици еден од родителите им беше во затвор“.

Чувството на децата за чудото на Божиќ не е изгубено. Софи пишува дека била добро девојче, и му кажува на Дедо Мраз дека го сака, а од него бара одмор со ирвасите.

На прашањето дали нешто и` треба, Софија вели: „Би ја сакала мојата сестра назад“. Нејзината сестричка неодамна починала.

Како што волонтерите ги читаат писмата, доаѓаат до писмото на Кристофер кој вели дека бил малку непослушен.

„Јас сакам коњи. Татко ми сака коњ. Мама вели не“, пишува Кристофер.

Она што ја изненадува Хинтз е тоа колку „џуџиња“ се нудат да помогнат во исполнувањето на желбите на децата.

„Постојат навистина добри луѓе. Тоа е нешто што секогаш ми дава надеж. А овие деца се`уште имаат надеж“, вели таа. Едно момче, од Дедо Мраз побара неговиот татко да добие работа.

На дното на писмата се наоѓа и она на Џејн којашто бара „гвинеа прасе за мене и за сестра ми кое ќе го сакаме“. Неа исто така потребна и` е училишна чанта и училишни книги, а нејзиното последно барање е: „тато да не ја повредува мама“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот