X
 13.12.2015 Технологија

Совети и трикови за корисниците на WhatsApp

Апликацијата „WhatsAp“ има речиси половина милијарда корисници од целиот свет. Ова е најчесто користена апликација, но многу корисници не ја познаваат доволно за да ги искористат сите можности кои ги нуди. „Tech worm“ нуди неколку совети и трикови за подобро користење на апликацијата. Меѓу другото, тие советуваат:


Менување на телефонскиот број

Во случај корисникот да има повеќе телефонски броеви, лесно може да ја смени синхронизацијата со претходниот број во апликацијата. Одете во „Settings“, па „Account“, а потоа на „Change number on your WhatsApp“. Тука може да го внесете новиот број.

Испраќање документи од различни типови

Апликацијата има ограничен број типови на документи кои ги дозволува за испраќање. Корисниците може да ја преземат апликацијата „Cloud send“ и да го прикачат посакуваниот документ, а потоа да го испратат линкот до него преку „WhatsApp“. Другиот корисник ќе може да го преземе документот директно преку линкот.

Престанете го автоматското преземање

Документите како слики, видеа или аудиа се преземаат автоматски во апликацијата. Сега може да се исклучи оваа опција во „Settings“.

Лажни разговори

Постои апликација „Whatsaid - Whatsapp prank 1.2“ со која корисниците може да започнат лажен разговор со различна профилна фотографија, а дури и лични информации.

Оневозможување на „Last seen“

Оваа карактеристика е корисна за да видите кога одреден пријател е онлајн, но може и да делува негативно. Корисниците може да го оневозможат ова преку „Settings“. Одете во „Account“ и притиснете на копчето „Last seen“ за да ги направите промените.

Подесување на звукот

Може да ги исклучите звуците за известувања во апликацијата, и тоа во „Settings“ и „Notifications“.

Архивирање на сите разговори

Корисниците може да ги зачувуваат сите свои разговори. За корисниците на „iOS“, одете во „Settings“, па „Chat settings“, па „Chat backup“ и притиснете на „Backup“. Корисниците на „Android“ најлесно е да се зачувуваат преку „Google drive“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија