X
 31.01.2016 Технологија

Зошто треба да ја отстраните апликацијата Facebook од телефонот?

Со текот на годините, апликацијата за „Facebook“ за телефоните на „Android“ се променила многу. Хардверот во мобилните телефони е подобрен, па така таа стана и помоќна. Но, се може и без неа, а експертите наведуваат неколку причини зошто треба да ја избришете од телефонот.


Ги цеди ресурсите

Веќе одреден период, апликацијата е големо оптеретување за ресурсите со кои располагаат телефоните. На постарите телефони може да помине цела вечност додека се вчита, зазема повеќе меморија од повеќето други апликации и не е пријателски настроена кон батеријата.

Мобилниот „Facebook“ е одличен

Како ќе користите „Facebook“ доколку ја отстраните апликацијата? Ќе ја користите мобилната верзија. Кога ќе се вклучите во него, мрежата ќе ве праша дали сакате да добивате известувања, а доколку ги прифатите ќе ви стигнуваат дури и кога не го користите „Google chrome“.

Мобилниот телефон ќе работи подобро

Оптеретувањето кое го претставува апликацијата ќе се намали по нејзиното бришење, па телефонот ќе работи побрзо, батеријата ќе му трае подолго и ќе пристигнуваат помалку известувања.

„Facebook Lite“

Доколку не ви се допаѓа користењето на социјалната мрежа преку „Google chrome“, размислете за инсталирање на помалата верзија на апликацијата, наречена „Facebook Lite“. Таа изгледа малку различно, но ги има најважните карактеристики.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија