Деновите на апликацијата за допишување на „Google“, „Hangouts“, по сè изгледа ѝ се избројани. Според најавите, таа од 2020 година веќе нема да им биде достапна на сите.
Уште од 2013 година, кога го замени „Gchat“, „Hangouts“ минува низ криза на идентитетот. Со текот на годините, апликацијата губеше функции, на пример, можноста за праќање СМС-пораки, а од „Google“ кренаа раце и од надградувањето.
Таа промена беше последица на тоа што во „Google“ повеќе се фокусираа на „Hangouts Chat“ како комуникациска алатка во бизнис-цели, во рамките на сетот апликацијата „G Suite“, заедно со платформата „Hangouts Meet“.
Од „Google“ уште во април годинава навестија дека би можеле да се откажат од „Hangouts“, кога ја најавуваа новата функција за „Android Messages“, наречена „RCS Chat“, која би требало да дебатира во 2019 година.
Сè уште многу нешта се неизвесни, но се чини дека на „Hangouts“ не му се
пишува добро.