X
 10.05.2022 Забава

Компанија плаќа 1.000 долари за да не користите „Тик-ток“ три месеци

„Тик-ток“ е една од најпопуларните социјални мрежи во моментов. Корисниците трошат многу часови гледајќи видеа на оваа платформа. Но колку луѓе би се откажале од неа за пари?

Компанијата за накит „Шејн ко“ организира натпревар за активните корисници на „Тик-ток“ и нуди 1.000 долари за еден победник кој нема да ја користи мрежата во период од три месеци. Учесниците во натпреварот треба да споделат податоци за моменталното користење на апликацијата со компанијата и да објаснат зошто ја сакаат и како би го минувале времето три месеци без неа.


Фото: Pixabay

Може да се пријавуваат и корисници што не креираат содржина за платформата, но треба да докажат дека поминуваат многу време на неа. За време на натпреварот учесниците треба да ја известуваат компанијата за нивното искуство.

Пријавувањето за натпреварот трае до 24 јуни. Може да се пријавуваат само кандидати постари од 18 години и да се жители на САД.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава