X
 14.12.2015 Образование

Едни протестираа, други садеа дрвца


Фото: @toVornottoV

Студенти од ФИНКИ како и од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје садеа дрвца, откако на местото предвидено за изградба на две нови факултетски згради, беа исечени постоечките дрвја.

Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Иван Чорбев рече дека на факултетот очајно му е потребна зграда и дека тоа во моментов им е најважно.

- Тоа е на некој начин компензација за исечените дрвја каде треба да се изгради зградата на ФИНКИ, па сакаме да засадиме нови. На трибината што се одржа во саботата ветивме дека ќе засадиме двојно повеќе од исечените во најскоро време. Целата процедура за изградба на новиот факултет трае подолго време и се запазени сите законски и универзитетски процедури. На наставно-научните совети на двата факултети беше изгласана потребата за изградба на зграда - рече Чорбев.

Инаку, студентите на ФИНКИ се принудени да следат настава на други факултети. Многу лоши услови за работа има и на ФФОСЗ, поради што и на студентите и на вработените на овој факултет, потребна им е нова факултетска зграда.

Садењето дрцва следуваше откако утринава неколкумина претставници на движењето Студентски пленум и МУГРА го блокираа влезот на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", бидејќи биле револтирани што не биле консултирани кога се носела одлуката за изградба на нови факултети на имотот на УКИМ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование