Во петокот во кино Фросина се одржа завршната церемонија на четвртите по ред „Твитер
и блогираме награди“ кои имаат за цел да ги соберат на едно место сите најдобри
твитерџии и блогери. Најдобрите беа наградени во 26 различни категории. Во изминатиот
период за нив можеа да гласаат сите кои имаат свој блог или твитер профил. Оваа
година Македонски Телеком додели и специјална награда која се однесува на акцијата
„Ретвитни оброк“, а која беше волонтерска иницијатива на Твитер заедницата да готват
еднаш неделно топли оброци за бездомниците.
„Уште една успешна и плодна година за нас блогерите и твитерџиите одлично заокружена
со овој настан кој ни овозможи сите да се собереме на едно место и да си подадеме рака
за најдобрите и најпопуларните постови и блогови кои ја одбележаа годината која измина.
Сакам да и се заблагодарам на целата Твитер заедница која пројави интерес да земе
учество во изборот на победниците како и за целата креативна енергија која се
канализира на социјалните мрежи“, изјави Јован Димитров еден од основачите на
Блогираме.мк.
Сите добитници на наградите можете да ги погледнете на
ОВОЈ ЛИНК.