X
 18.09.2023 Живот

Најскапата дестинација во светот - ноќевање чини 1.700 долари

Туристите доаѓаат во Густавија, град на карипскиот остров Свети Вартоломеј, за прекрасните песочни плажи, домовите со црвени покриви и француското влијание. Но, сето тоа чини.



Според туристичката организација „Флорида Пенхендл“, Густавија е најскапата дестинација во светот. Организацијата анализирала податоци од над 100 популарни дестинации за одмор, а биле земени предвид цените за ноќевање, патување, храна и локален превоз. Густавија се наоѓа на врвот на листата.



Според анализата, еден турист троши 1.852 долари дневно во Густавија (без трошокот за патување дотаму). Многу добра се увезуваат на островот, но градот е познат и по тоа што таму доаѓаат многу богати туристи.

Според анализата, цена за ноќевање во градот чини просечно 1.700 долари. Просечен оброк таму чини 58 долари.



Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот