X
 21.12.2015 Живот

Што може да направите за да го намалите загадувањето?

Речиси секоја година, загаденоста на воздухот во Скопје е се поголема, а последиците поизразени и потешки. Зошто е тоа така? Причините за високата аерозагаденост се во природната предиспонираност и човековите влијанија.



Со оглед на тоа што во блиска иднина се очекува зголемување на фрекфенциите на тишините или периодите со денови без ветер, проблемите со аерозагадувањето на Скопје и останатите котлински градови во Македонија, ќе бидат се поизразени. Затоа се неопходни серија на мерки за подобрување на состојбите - пишува проф. д-р Ивица Милевски и додава: Тие мерки произлегуваат од претходно споменатите причини за високо загадување од сообраќајот. Покрај останатото, неопходна е изградба на кружни текови секаде каде што е можно, подигање на заштитни улични дрвореди, повторно активирање на семафорските броила, стимулација за набавка и користење на еко-возила (електрични индивидуални и јавни возила и скутери) и возила со високи еко-стандарди (Еуро 5 и Еуро 6), изградба на подземни пешачки премини (заради помал застој на возилата), изградба на брза електро-линија (трамвај, брза железница) во правец запад-исток, запирање на изградба на високи напречни објекти во подножјето на Водно (заради непречен продор на планински воздух), запирање на изградба на високи трансферзални објекти во градот во правец попречен на Вардарецот, стимулација на користење на јавен превоз (преку неограничени дневни, повеќедневни, групни и седмични карти), воведување на зони само за јавен превоз и велосипеди, стимулација и субвенции за електро-такси превоз и возила, забрана за сообраќај на возила со прекумерно ниво на издувни гасови, драстично зголемување на градското зеленило во централните делови и др.

Во Индија веќе почнаа да се преземаат мерки, жителите ќе имаат дозвола за возење на автомобили само на деновите кои одговараат со нивните регистарски таблички - парните таблички возат на парните денови, а непарните на останатите. Проблемот со загадувањето е присутен и кај нас. Експертите нудат неколку совети кои може да помогнат во намалувањето на загадувањето, а може да се почитуваат индивидуално.

Технологијата, одржувањето, па дури и возачките вештини може да влијаат на испуштањето на издувните гасови од возилото. Возило во лоша форма може да загадува 28 пати повеќе од она во добра форма.


Слабиот притисок во гумите може да биде причина за горење повеќе гориво, односно 7% повеќе. Помалку потрошеното гориво значи и помалку испуштени издувни гасови во атмосферата.

За време на брзо возење, горивото се гори многу побрзо. На автопатите, се губи повеќе гориво за над 6%. Полнете гориво ноќе. Звучи смешно, но логиката е едноставна.

Кога го полните горивото на постудени температури се формира помалку озон бидејќи гасот е погуст и има повеќе течности отколку издувни материјали во него.

Одбегнете бесполезно трошење кога ви е вклучен автомобилот, а не го возите. Десет минути дневно седење чекање во автомобилот троши речиси 70 литри гориво годишно за секој возач.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот