Денес е тренд луѓето да купуваат сѐ поголеми автомобили, што е во целосна спротивност со поставените цели за заштита на животната средина и намалување на потрошувачката на енергија.
Според Федералната администрација за моторни превозници, речиси 30 отсто од 2,65 милиони продадени нови возила минатата година биле СУВ-модели. Оттаму велат дека е логично реалните трошоци за паркирање и возење да им се припишат на сопствениците на големи возила.
Идејата за проширување на паркинг-местата или пренамена на катните паркинзи за зголемен број теренци се смета за апсурдна.
Се чини логично сопственикот на „смарт“, долг 2,69 метри, кој испушта 87 грама јаглероден диоксид на километар, да плати помалку од возачот на речиси двојно подолг „мерцедес“ С-класа кој испушта 211 грама.
- Одлична е идејата да се наплаќа паркинг на јавни места врз основа на големината на возилото - вели Петра Шефер, професорка по сообраќајно планирање и јавен превоз на Универзитетот за применети науки во Франкфурт.
Сепак, Шефер не ја исклучува можноста за правни и организациски пречки.
- Многу возачи се подготвени да прифатат доплата. Веруваме дека во големите градови ќе преовладуваат тарифите за паркирање приспособени на големината на возилото и моменталната пополнетост на катните гаражи - додава Шефер.
Извор:
021.rs
Фото: Pixabay