X
 25.10.2018 Наука

Создаден првиот апарат што создава вода од воздух

Нова направа што може да се смести во транспортен контејнер користи чиста енергија за производство на питка вода. Уредот ја создава водата речиси моментално, а контејнерот може да се постави каде било, од покрив на некоја зграда до пустина или опустошен крај. Уредот е изработен од страна на „Скајсорс/Скајвотер алијанс“ (Skysource/Skywater Alliance) и штотуку ја доби наградата од 1,5 милијарда долари од непрофитната организација „Икс прајс“ (XPrize) во категоријата изобилство од вода. Инаку, „Икс прајс“ се занимава со наградување на технологии кои го унапредуваат човештвото.

Натпреварот, кој почна во 2016 година, бара од дизајнерите и инженерите да развијат уред кој ќе може да извлече околу 2.000 литри вода дневно од атмосферата, што е доволно за дневната потреба на околу 100 лица. Уредот исто така би требало да користи чиста енергија, односно енергија добиена од обновливи извори, а неговите трошоци не би смеело да надминуваат 0,02 долари за литар.

View this post on Instagram

WE DID IT!!!! After 72 hours with our noses to the grindstone, we reached our goal of making 2000 liters of water from air in 24 contiguous hours using only renewable energy at a cost of less than 2 cents a liter. A million heartfelt thank you's to our friends and partners at Skywater® Atmospheric Water Generator and ALL Power Labs. YOU GUYS ROCK!!!! Without you and your innovative and cutting edge clean technologies, this never could have been possible. Thank you XPRIZE, Tata Group Australian Government Department of Foreign Affairs and Trade for this incredible opportunity. We are honored to have been chosen to rise to your challenge. #skywater300 #allpowerlabs #XPRIZE #WaterAbundanceXPRIZE #WaterAbundance #AustralianAid #water #waterfromthinair #waterforall #cleanwater #precipitatingchange #asipoffreshair #skysource #skysourcewater #davidhertzarchitects #studioofenvironmentalarchitecture https://water.xprize.org/

A post shared by Skysource Water (@skysourcewater) on


Новиот, надграден систем именуван WEDEW (“wood-to-energy deployed water”) е создаден како комбинација од два постојни системи. Првиот систем е „Скајвотер“, огромна кутија (во овој случај контејнер) во која се вовлекува топол воздух, кој се судира со студен воздух, поради што има кондензација и се создаваат капки кои можат да се користат како чиста и питка вода. Водата потоа се става во транспортен контејнер на кој може да има славина или некој друг приклучок.

Со оглед на тоа дека процесот користи огромни количини на енергија, дизајнерите го искомбинирале со гасификатор на биомаса. Кога во тој гасификатор ќе се стават разни биоотпадоци, на пример, лушпа од кокос и слично, таа биолошка маса со пиролиза се претвора во гас. Со тоа во системот се создава топла и влажна клима, што е идеално за ваквиот уред. Нуспроизвод на овој уред исто така е и биојагленот, вид јаглен кој може да се користи како ѓубриво за подобар раст на растенијата.

На пример, ако има голема суша, во уредот би можеле да се стават остатоци од пресушено дрво. Со тоа сувото дрво, кое би можело да се запали, би се отстранило, а би се произвела чиста вода во сушно подрачје. Добиениот биојаглен би можел да се користи кај садниците со нови дрвја. Во подрачјата каде што нема толку биомаса системот може да работи и на соларна енергија.



Во двата случаја, контејнерот со уредот може лесно да се достави со хеликоптер на некое недостапно подрачје каде што, на пример, има загадена вода или владее суша. Иако уредот е подготвен за користење во некои подрачја, а во некои е во фаза на тестирање, тој сè уште не е подготвен за широка потрошувачка. Добиените 1,5 милион долари компанијата ќе ги искористи за брз развој на технологијата, со што би се намалила цената, а ваквите уреди би можеле да се прошират низ светот преку партнерства со непрофитни организации.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука