X
 26.04.2018 Култура

Велемајсторот Гари Каспаров ги открива натпреварите што секогаш ќе ги памети

Многумина сметаат дека Гари Каспаров е еден од најголемите шахисти на сите времиња. И со причина. Во 1985 година, на 22-годишна возраст, Каспаров го поразил актуелниот шампион Анатолиј Карпов.
Од тој момент, до неговото пензионирање во 2005 година, Каспаров доминирал. Во наредните 225 од 228 месеци тој бил број еден играч во оваа игра.

Подолу, на видеото направено од „Њујоркер“, Каспаров раскажува за некои од најсреќните и најболните моменти во неговата кариера, вклучувајќи ги:

Гари Каспаров против Анатолиј Карпов: Светско првенство 1985 година
Гари Каспаров против Анатолиј Карпов: Светски шампионат 1987 година
Гари Каспаров против Вишванатан Ананд: Плејоф „PCA-GP Credit Suisse“
Гари Каспаров наспроти Дип Блу: „Aj-би-ем“ човек наспроти машина 1997 година

Неодамна Каспаров исто така создаде онлајн-курс за „Мастерклас“ во кој предава за шахот во 29 лекции и нуди подлабоко истражување за неговата шаховска теорија, тактика и стратегија.



Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура