X
 24.12.2015 Забава

Македонски Телеком подготви уште едно изненадување за корисниците

Во пресрет на Новогодишните празници Македонски Телеком подготви уште едно изненадување за корисниците.



Елена Ристевска ќе се дружи со фановите во Рамстор и Капитол Мол 

На 25 и 26 декември декември во телеком продавниците во Рамстор и Капитол Мол  нашата музичка ѕвезда Елена Ристевска ќе се дружи со фановите. Елена ќе го потпишува и подарува најновиот албум на 25 декември во Рамстор од 13:00 до 14:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да се сликаат и разговараат со неа. На 26 декември Елена ќе ги израдува фановите кои тој ден ќе бидат во телеком продавницата во Капитол Мол од 13:00 до 14:00 часот.

За време на дружењето сите заинтересирани ќе можат одблизу да се запознаат и со услугата LOOP, која нуди одлично мултимедијално искуство и можност за споделување на фотографии и видеа во кругот на семејството. Празниците се одлична можност за споделување на  нови заеднички моменти преку фотографија или видео, кои со LOOP, брзо и едноставно, ќе бидат достапни на смарт телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.

Потребно е само да се активира услугата на www.loop.mk или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава