X
 03.04.2023 Живот

Зошто точењето бензин 95 во моторите за кои се препорачува 98 не е добра идеја?

Постојат низа прашања кои често се повторуваат меѓу возачите: 95 или 98 (или 100) октански бензин? Дали е подобро едното или другото? Можам ли да наточам 95-октанско гориво во автомобил за кој се препорачува 98-октанско и обратно?

За да се разјаснат тие недоумици, прво мораме да ја знаеме разликата меѓу бензините од 95 и 98 (или 100) октани. Главната разлика е во октанскиот број - мерка која ја покажува отпорноста на горивото на детонација кога е компресирано во цилиндарот на моторот.

За да дојде до согорување во цилиндарот, експлозијата на смесата од воздух и бензин мора да овозможи притиснување на клипот. Но, туркањето мора да е мазно и континуирано бидејќи во спротивно би се оштетила механиката на автомобилот. Така, колку е поголем октанскиот број, толку е поголема антидетонациската способност на бензинот и толку се подобри перформансите на моторот. Тоа објаснува зошто бензинот 98 се препорачува за возила со високи перформанси.

Моментално бензинот 95 има исти стандарди за квалитет како и 98, па ако вашиот автомобил е конвенционален, а не некој со високи перформанси, се препорачува да го полните со 95, кој исто така помага во намалување на потрошувачката и ги ограничува емисиите на честички кои загадуваат.

Ако користите бензин 98 во автомобил за кој се препорачува 95, ништо нема да се случи. Вашиот автомобил нема да работи подобро и покрај некои легенди што го велат спротивното. Единствено ќе биде погоден вашиот џеб.

Од друга страна, ако наточите 95 во автомобил за кој се препорачува 98, може да дојде до негативни последици. Со оглед на тоа што има помала отпорност на детонација, бензинот 95 не експлодира во вистинско време. Тоа долгорочно се одразува во намалување на перформансите и појава на механички оштетувања кои настануваат како последица на предвремените експлозии поради користењето на нискооктански бензин.

Извор: Jutarnji
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот