X
 29.12.2015 Образование

На Јапонија повеќе не и` се потребни општествените науки

За факултетите по општествени науки повеќе нема да бима место во образовниот систем во Јапонија. Во текот на 2016 година, сите универзитети кои нема да ја почитуваат одлуката на јапонската влада и нема да ги затворат одделенијата за општествени науки, ќе останат без државно финансирање.

 

наука


Оваа одлука е дел од економската политика на премиерот Шинзо Абе, кој како примарна улога на универзитетите го гледа образованието на кадрите за пазарот на трудот. Иако оваа одлука не подразбира автоматско укинување на катедрата на општествени науки, сепак со скратување на државното финансирање се подигнува износот на школарина и ги прави овие факултети помалку атрактивни.

Во наредните 20 години, јапонските студенти ќе бидат далеку помалку отколку што се денес, што уште повеќе ќе ја заостри трката меѓу универзитетите. Неолибералната идеја универзитетите да работат во функција на моделот на пазарот веќе имаше своја премиера во Велика Британија во 80-те години кога Маргарет Тачер сакаше универзитетите да создадат расадник на млади претприемачи.

Причината за ваквата политика меѓу другото е и погрешна перцепција на пазарот на трудот - покрај специјализираните експерти и технократи со исклучително практични знаења, на работодавците потребни им се и работници кои имаат развиено критичко, апстрактно и креативно размислување кое се стекнува на факултетите по општествени науки. Покрај тоа, општествените науки имаат клучна улога во негувањето на критичкото мислење во било кое општество, и со своето иновативно истражување придонесува кон разбирање и размислување за комплексноста на светот околу нас кој брзо се менува.

Последиците од ваквата политика се лоши и добро познати. Кина во последните 30 години ги фаворизираше природните и техничките науки на сметка на социјалните, оправдувајќи се со ограничени ресурси кои се фокусираат на профитабилни области. Поради оваа политика, армии од деца вредно вежбаат за да ги положат максимално формализираните тестови и успешно да го продолжат патот низ образовната машинерија. Авторитативниот пристап кон образованието создаде ученици со најдобри резултати на тестовите на голема штета на креативноста и иновативниот талент.

Потребно е да се земе во предвид специфичната културна атмосфера и односот кон образованието кое го имат Јапонија и Кина во однос на останатиот дел од светот. Сепак, во глобалната економија во која Јапонија е еден од клучните делови, зајакнувањето на технократијата без влијание на креативноста и критичкиот осврт, ќе биде тешко да се задржи лидерската позиција кога се` повеќе компании ја напуштаат класичната хиреархиска структура на управување и бараат од вработените флексибилност и иновативност.

Парадоксот е во тоа што лидерите кои студирале хуманистички науки како и Шинзо Абе, водат политика која го ограничува пристапот на овие студии кои се прогласени за непрофитабилни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование