X
 08.11.2019 Живот

5 места за кои нема да верувате дека постојат: Каде живеат најсреќните луѓе на светот, а каде најдолговечните?

Во различни делови на светот луѓето се разликуваат по изгледот, обичаите и култура. И колку и да ни се чинат некогаш големи овие разлики, некои места навистина изгледаат како да не се од овој свет. Особено ако се опфатени и тајните што ги споделуваат жителите.

Од град преполн со русокоси близнаци до остров што не познава болести, овие места се како излезени од филм.

1. Кралството на малите луѓе



Кунминг или кралството на малите луѓе било создадено од Чен Мингјинг, кој на сите џуџиња од Кина таму им понудил дом.

Денес таму живеат и работат 125 џуџиња на возраст од 19 до 48 години, а функционираат како забавен парк. Станува збор за особено популарна туристичка дестинација отворена во 2009 година, а на самиот влез во забавниот парк стојат стражари облечени во средновековни костими со пластични оклопи. Малото кралство, како и другите држави, има и свои пожарникари, полициска станица, парламент и демократски избран владетел.

Во оваа необична заедница може да влезат само оние со одредена висина. Иако звучи бизарно, дури и кучињата-скитници што живеат таму имаат џуџест раст, така што се во целосна усогласеност со жителите.

2. Пираха - најсреќното племе на светот

Племето од амазонските прашуми во Бразил се смета дека е најсреќно племе на светот. Тие не знаат да сметаат и имаат само две бои - темна и светла. Не знаат датуми, денови во неделата на календар, а јадат еднаш до двапати дневно. Пираха луѓето се познати по три вида односи - односот со детето, со родителите и со браќата/сестрите. Не постои никаква хиерархија во нивната заедница, но не постои ни криминал.

Никој од нив не поседува никаков имот, ниту имаат предрасуди. Истражувачите што ги посетиле велат дека нивната среќа се рефлектира во сè - тие пеат спонтано среде ноќ и веруваат дека соништата и реалноста се еднакво важни. На секои седум години си го менуваат името, а помнат и илјада имиња на растенијата и животните со кои се опкружени. Нивните деца си играат со шумските дрвја, цвеќињата, кучињата наместо со обични играчки - и така ги усвојуваат верувањата на нивните предци кои никогаш не ги доведуваат во прашање.

Откако племето му е познато на светот, не е забележан ниеден случај на човек што го напуштил.

3. Островот на стогодишниците



Секој трет жител на грчкиот остров Икарија е стогодишник, а нивниот просечен животен век изнесува неверојатни 90 години - што е барем за 10 години повеќе од светскиот просек. Многу истражувања не успеале да ги утврдат точните причини за долговечноста на жителите на овој остров во Егејското Море. Сепак, познато е дека жителите на овој остров многу се одмараат, живеат опуштено, физички се активни и здраво се хранат.

Билните чаеви и кафето ги пијат во големи количини, додека алкохолот се сведува на чаша вино со пријателите или со оброкот. Кога една 101-годишна жена ја прашале која е тајната на нивната долговечност, таа им рекла: - Само заборавивме дека треба да умреме.

4. Кандидо Годои - земјата на близнаците




Ова е место во Бразил познато по големиот број близнаци што се родиле - 80 семејства имаат 44 пара близнаци. Повеќето семејства дошле тука од Германија за време на Првата светска војна. Во текот на раните 90-ти необичниот феномен им го привлекол вниманието на новинарите. Според некои, целиот град е производ на работата на озлогласениот Менгеле, кој според упатствата на Хитлер, работел на зголемување на наталитетот на ариевската раса, а своите генетички експерименти ги правел токму во Бразил.

Градот го третирал како своевидна лабораторија, па на трудниците им давал нови лекови. Секоја петта бремена жена во градот раѓала близнаци кои биле синооки и русокоси.

5. Хоговеј - Шоуто на Труман за пензионери


5

Изолираното село Хоговеј во Холандија, сместено на крајот од градот Веспа, има 152 жители кои се чини дека живеат сосема нормален живот. Јадат, спијат, шетаат, одат во ресторани и кафулиња. Но, баш секој од нив е под постојан надзор бидејќи Хоговеј всушност е старски дом. Сите жители на ова село, кое многумина го нарекуваат Деменција, страдаат од сенилност и всушност не знаат дека живеат во медицинска институција, ниту дека се следи секое нивно движење и виталните функции. Жителите живеат во групи од шест до седум луѓе, а секоја група има куќа во која за нив се грижи еден или два негуватели.

Куќите се уредени и наместени според периодот во кој луѓето почнале да го губат помнењето, а сè е усогласено до последен детаљ, од храна, украси, мебел. Жителите смеат слободно да шетаат и да разгледуваат и да се дружат. 250 негуватели се наоѓаат низ целото село, а по потреба ја преземаат улогата на продавачи, поштари и слично. Пари не се користат, туку сè е вклучено во цената што ја плаќа семејството на старото лице.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот