Зошто Њујорк се нарекува Големото јаболко, а Амстердам - Венеција на северот? Ви ги откриваме приказните што се кријат зад најпознатите прекари на светските метрополи.
Њујорк - Големото јаболко
Иако се сметало дека овој прекар е постар, неодамнешните истражувања покажале дека за Големото јаболко е заслужен писателот Едвард Мартин, кој денешниот прекар го споменал во една од неговите книги. Тој напишал дека граѓаните на другите градови ги сметаат њујорчани за арогантни и алчни, нарекувајќи ги меѓу другото големи расипани јаболка. И покрај тоа, Њујорк денес е еден од најпопуларните туристички градови на светот.
Лондон - Стариот чад
Лондон отсекогаш бил зачадено место, но големиот чад од 1952 година целосно го оправдува овој прекар. Во текот на пет последователни дена воздухот бил загаден во толкава мера што убил повеќе од 5.000 луѓе.
Париз - Градот на љубовта
Париз бил првиот европски град што почнал да користи јавно осветлување, а поради раскошните светла на Ајфеловата кула, често се нарекува и Градот на светлината. Целиот град и самата атмосфера во него се идеални за романса, а за францускиот јазик се вели дека е јазик на љубовта.
Сингапур - Лавовскиот град
Зборот „Сингапур“ на англиски се преведува како „лавовски град“. Според легендите, основачот на градот, сер Стамфорд Рафлс, го избрал ова име откако видел „мерлион“ (комбинација од лав и сирена), иако во градот никогаш немало ни лавови ни сирени.
Амстердам - Венеција на северот
Главниот град на Холандија го сечат повеќе од 100 километри канали. Со оглед на тоа,
Амстердам често се споредува со најславниот град со канали - Венеција. Иако тоа им е единствена заедничка работа, била доволна за Амстердам да го добие овој прекар.
Ерусалим - Светиот град
За ова не е потребно посебно објаснување. Ерусалим има големо значење за светоста и за сите 3 големи религии: христијанството, јудаизмот и исламот. Некои од најсветите места во светот на сите три религии можат да се најдат токму во овој град, а заеднички им е Ридот на храмовите.
Мумбај - Град на соништата
Мумбај го заслужил ова име бидејќи е најбогатиот град на Индија, па не е чудно што многу луѓе патуваат во овој град за подобра работа и живот. Некои се обидуваат да успеат на сите можни начини, а овде е сместен и Боливуд.
Лас Вегас - Град на гревот
Градот бил создаден среде пустината Невада и денес е најпознат по голем број коцкарници каде што ретко кој заработува, а повеќето ги губат парите. Овде може да се најдат сите пороци, така што Лас Вегас совршено го оправдува својот прекар.
Фотографии: Unsplash/Freepik