X
 15.07.2021 Живот

Фиренца забрани ноќни прошетки во центарот

За да се одбегне создавање метеж за време на пандемијата, властите во Фиренца го забранија движењето во најпопуларните региони за време на ноќните часови. Исклучок се само оние лица што посетуваат бар или ресторан во областа.

Дарио Нардела, градоначалник на Фиренца, потпишал уредба со која се забрануваат прошетки на најпопуларните локации во градот во четврток, петок и сабота навечер. Нема да биде дозволен пристап до шест делови од центарот на градот од 21 часот до 6 часот наутро, освен доколку не се оди во бар или ресторан.

Сите места кои се на листата, меѓу кои и познати плоштади, се локации на кои луѓето се собираат навечер. Според уредбата, јадењето и пиењето на скалите на црквата „Санто Спирито“ се забранува во текот на целиот ден.


Фото: Pixabay

Казните за непочитување на уредбата се движат од 400 евра до 1.000 евра, а правилата ќе важат додека трае пандемијата, пренесува Си-ен-ен.

Локалните жители бурно реагирале на уредбата, велејќи дека ограничувањето на пристап до локациите, освен доколку се плати со бар или ресторан, не е во ред.


Фото: „Уфици“, Wikipedia

Во меѓувреме, музејот „Уфици“, еден од најпознатите во Фиренца, планира да започне да наплаќа таканаречен „данок на сендвичи“, односно данок на храната што се продава на киосците во близина на музејот поради отпадот што го прават туристите при јадењето.


Според музејот, храната и пијалоците го уништуваат каменот што е во дворот на музејот од Ренесансата.

Извор: CNN 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот