Фолегандрос често е споредуван со Санторини. Тоа не е чудно бидејќи овој грчки остров се наоѓа во истата островска група како и Санторини, а дели и некои заеднички архитектонски карактеристики, како прекрасните куќи направени од бел камен.
Меѓутоа, Фолегандрос е помала и помирна алтернатива на Санторини, кој го посетуваат околу 2 милиона луѓе годишно. Доколку не сакате да се пробивате низ река туристи и да се борите за слободно место на плажа, посетете го овој грчки остров, кој има површина од само 32 квадратни километри. На островот живеат околу 600 жители, во споредба со над 15.000 жители што живеат на Санторини.
Фото: Pixabay
Најголемо населено место на островот Фолегандрос е градот Гора. Таму може да видите многу традиционални бели куќи со сини прозорци, прекрасни улички и многу цвеќиња. Од градот има поглед на Егејското Море. Таму може да пробате традиционални грчки специјалитети во малите ресторани, а може да се искачите и до црква која се издигнува над градот.
Островот е добар избор и доколку сакате да ги поминувате деновите на плажа бидејќи изобилува со недопрени плажи. Категрос е најпопуларната плажа на островот.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија: Pixabay