Да речеме дека сте Илон Маск, еден од највлијателните претприемачи во историјата на технологијата чија кариера може да се пофали со успешни старт ап компании кои функционираат повеќе од две децении.
Да речеме дека вашите постигнувања се движат од создавање на индустрија за електронско плаќање и заживување на соларната енергија на пазарот па се` до високи перформанси на електрични автомобили и лансирање на ракетната индустрија. Сигурно дека би ви биле потребни повеќе страни за сите тие достигнувања да ги опишете во вашето резиме, нели?
Но, се чини дека воопшто не е така, велат експертите во онлајн фирмата за
резимеа „Novorésumé“, кои веруваат дека концептот на помалку страни е и тоа како успешен за пишување на CV.
Тие создадоа пример за тоа како би изгледало резимето на Маск и со тоа покажаа дека дури и високо успешна кариера како неговата може да биде презентирана на резиме од една страна.
Маск е познат по неговите високи стандарди и има репутација на „груб шеф“. Еднаш себеси се опиша како „нано-менаџер“, игра на зборови со која се обидува да опише дека сака повеќе да контролира и од микро менаџерот.
Резимето вклучува систем за рангирање со четири нивоа во кој некои од наведените вештини не се рангирани со највисока оценка.
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција