Бидете сигурни дека луѓето што не го поминале истото низ кое поминувате вие не можат целосно да ве разберат, колку и да сакаат и колку и да се трудат. Вината не е во нив, ни во вас, и немојте да им замерувате. Овде секако не ги ставам професионалците во оваа област.
Некои луѓе ќе ви остават впечаток дека ве разбираат, сè до првата полесна или потешка ситуација кога вашата психичка состојба нема да им одговара - потоа ќе се вратат на „фабричко нагодување“. Тоа не е ваша вина и ако можете, не дозволувајте си поради тоа да се чувствувате лошо.
Некогаш ќе ја искористите својата состојба во ваша корист. Во зависност од мотивите, може да бидете само благо неодговорни, а можете и да испаднете „говедо“. Депресијата не ни дава право да бидеме лоши личности.
Некои луѓе, во недостиг на аргументи или сакајќи да ве спуштат, ќе направат врска помеѓу вашата аргументација и вашата психичка состојба или терапијата што ја земате. Овие луѓе слободно елиминирајте ги од животот - депресијата во овој случај ќе ви направи услуга.
Фото: Pixabay
Жените генерално се веќе запознаени со оваа ситуација - кога им се припишува некаква невротичност предизвикана од ПМС во кој било ден од месецот. „Што ти е, не ги испи лекарствата?“ е еднакво на „Дали треба да добиеш месечен циклус, па затоа си нервозна?“
Штом успеете да се натерате да излезете од дома, одете на прошетка - шетајте што подолго со некој чие друштво ви е пријатно. Природата, со што помалку луѓе, е одлична за почеток, па полека навикнувајте се и на остатокот од цивилизацијата.
Иако лесна, прошетката е физичка активност и поттикнува лачење на хормонот ендорфин кои има слично дејство со дејството на серотонинот, чиј недостиг предизвикува депресија.
Престојувањето на сонце поттикнува создавање на провитамин Д во витаминот Д, кој дополнително ги ублажува симптомите на депресија. Ако сте во состојба да се натерате и на потешка физичка активност, драстично ќе го забрзате закрепнувањето.
Депресијата нема целосно да се реши додека не ги сфатите најголемите причини за неа. Тука најмногу помагаат психотерапијата и интроспекцијата.
Еден разговор со психотерапевтот не е лек, како што здравата исхрана не ја сочинува само еден здрав оброк. Станува збор за процес што бара многу време и трпение.
Не влошувајте ја вашата состојба жалејќи што работите не се поинакви или што не сте направиле нешто различно во минатото - работете со она што моментално го имате и одете кон подобро.
Автор:
Горан Богуновиќ/
Фејсбук